Почнуваат вистинските возбудувања во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

По двомесечната пауза, Лигата на шампионите се враќа, на ред е елиминациската фаза во која нема место за кикс. Реал Мадрид го брани трофејот, но уште 15 други тима го сонуваат и ќе се обидат да дојдат до него.

Осминафиналната фаза започнува со денешните два натпревари, ПСЖ – Барселона и Бенфика – Борусија Дортмунд.

ПСЖ и Барселона веќе стана класика кога се работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Овие два тима многу често се среќаваат, а засега Каталонците излегуваат како победници. Дали традицијата ќе биде прекината, останува да видиме.

Интересен и пред се офанзивен се очекува да биде дуелот помеѓу Бенфика и Борусија Дортмунд. Португалците се одлични на домашен терен, имаат само еден пораз пред своите гледачи во последните 365 дена. Германците се надеваат дека ќе останат непоразени денес, а во Германија ќе ја завршат работата.

Утрешниот ден носи две големи дерби пресметки. Главниот дуел се игра во Минхен каде Баерн го пречекува Арсенал, но огромно внимание предизвикува и пресметката помеѓу Реал Мадрид и Наполи.

Следниот вторник Манчестер Сити ќе го пречека Монако, додека Атлетико Мадрид ќе му гостува на Баер Леверкузен.

Првите осминафинални дуели ќе се комплетираат следната среда со дуелите помеѓу Севиља и Лестер и Порто – Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани