Почнува последното коло од групната фаза, кој оди во осминафинале од А и Б групата?

by
2 минути читање

Група А

16:00 Саудиска Арабија – Египет

16:00 Уругвај – Русија

– Русија и Уругвај се веќе квалификувани, Египет и Саудиска Арабија се елиминирани.

– Русија ќе го освои првото место во групата ако избегне пораз од Уругвај.

– Уругвај мора да ја победи Русија за да го освои првото место.

Група Б

20:00 Иран – Португалија

20:00 Шпанија – Мароко

– Португалија, Шпанија и Иран се борат за пласман во осминафинале, Мароко е елиминирана.

– На Португалија и треба бод против Иран за да се квалификува. Може да се квалификува и со пораз доколку Шпанија загуби со поголема разлика од Мароко.

– На Шпанија и треба бод против Мароко да се квалификува. Може да се квалификува и со пораз доколку Португалија загуби со поголема разлика, или доколку Иран и Португалија играат реми со помалку голови и Шпанија загуби со не повеќе од еден гол.

– Доколку и Португалија и Шпанија загубат, тогаш тимот со полош резултат ќе испадне. Доколку и Португалија и Шпанија победата, тимот со поголема победа ќе биде прво место. Шпанија и Португалија во моментов имаат идентичен скор.

– Иран мора да ја победи Португалија за да се квалификува, може да помине и со реми доколку Шпанија загуби од Мароко со најмалку два гола.

Ако две селекции имаат ист број на бодови одлучува:

1. Гол разлика

2. Постигнати голови

3. Меѓусебен дуел

4. Гол разлика во меѓусебни дуели (во случај на три или четири екипи со исти бодови)

5. Постигнати голови во меѓусебни дуели (во случај на три или четири екипи со исти бодови)

6. Фер плеј поени

7. Ждрепка

Фер плеј систем

– Жолт картон: -1

– Црвен картон за два жолти: -3

– Директен црвен: -4

– Жолт картон и директен црвен: -5

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани