Почнува Европското првенство до 21 година, деби настап за Македонија

by
1 минути читање

Од денес па се до 30 јуни во Полска се одржува континенталната смотра на најдобрите 12 репрезентации до 21 година, меѓу нив е и Македонија.

Нашата репрезентација настапот на Европското првенство го започнува утре кога во вечерниот термин од 20:45 ќе се сретне со силната селекција на Шпанија.

Денес се играат натпреварите од групата А, од 18 часот Шведска против Англија, а вечерта домаќинот Полска игра со Словачка.

Покрај Шпанија, во групата на Македонија се уште и селекциите на Португалија и Србија.

Нашите момци се наоѓаат во силна група, но полни се со самодоверба и на теренот ќе влезат без респект кон противниците и со максимална дисциплна ќе се обидат да ја израдуваат македонската јавност.

„Меѓу фудбалерите, како и во стручниот штаб, владее одлично расположение. Сите сме помалку возбудени во позитивна смисла што се приближува почетокот на натпреварувањето и што имаме можност да го отвориме шампионатот против исклучително квалитетен противник“ – вели селекторот Милевски.

„Работевме и на психолошка подготовка, но овие фудбалери се талентирани не само фудбалски, туку и карактерно. Веќе докажаа дека можат да се носат со притисокот од овој тип, а без разлика на расплетот на ова првенство, овие фудбалери остануваат иднина на македонскиот фудбал“.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана ќе играат во полуфиналето

Распоредот на Македонија во групната фаза:

Сабота 17.06 Македонија – Шпанија 20:45

Вторник 20.06 Македонија – Србија 18:00

Петок 23.06 Македонија – Португалија 20:45

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани