927
Лучано Спалети
повеќе не е тренер на Рома, вчера во доцните вечерни часови, клубот од Рим
соопшти дека стратегот заминува.
„Рома се раздели
со тренерот Лучано Спалети” – гласеше известувањето. „Процесот за ангажман на
нов тренер е во тек”.
Заминувањето на
Лучано Спалети ќе предизвика промени и кај други клубови од Серија А.
Се очекува
„Римската Волчица“ во скоро време да го именува Еузебио Ди Франческо од Сасуоло
за нов предводник.
Исто така и
Лучано Спалети веднаш би требало да започне нова авантура, стратегот треба да
седне на жешкото столче на Интер.