Почна војната во Париз: Нејмар не се појави на подготовките, ПСЖ најави казна

by
1 минути читање

„Светците“ го
променија тонот, Нејмар уживаше секакви привилегии изминативе две години, но по
најавите дека Бразилецот сака да се врати на Камп Ноу, сега има друга песна од
лидерите на клубот.

ПСЖ денеска ги
започна подготовките за новата сезона, и на речиси сите им беше јасно дека
Нејмар нема да се појави на првата прозивика на тренерот Томас Тухел. Напаѓачот
синоќа беше на трибините на Маракана и го бодреше својот Бразил во финалето на
Копа Америка против Перу.

Ваквото
однесување не им се допадна на „светците“ кои попладнево испратија кусо
соопштение и порачаа дека ја разгледуваат опцијата да го санкционираат играчот

„Овој понеделник,
8. јули, Нејмар требаше да се врати за стартот на подготовките за новата
сезона. Напаѓачот сепак не се појави на договореното место и време и тоа без
дозвола од клубот. ПСЖ жали за ваквата ситуација и ќе превзеде соодветни чекори“

– гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×