Почина поранешниот играч на Њукасл, Чеик Тиоте

by
1 минути читање

Играчот од Брегот на Слоновата Коска во февруари замина во Кина во второлигашот Пекинг Ентерпрајсес, а денес од таму пристигнуваат тажни вести.

Чеик Тиоте колабрирал за време на тренинг на неговиот тим, веднаш бил пренесен во болница, но таму само била констатирана смрт.

Тиоте дури седум години го носеше дресот на Њукасл.

„Со длабока тага можам да потврдам дека мојот клиент Чеик Тиоте почина денес откако колабрираше на тренинг со неговиот клуб Пекинг Ентерпрајсес. Во моментов не можеме да кажеме ништо, бараме да биде почитувана приватноста на неговата фамилија во овој тежок период“ – потврди неговиот агент Емануеле Паладино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани