Почина 21 годишен фудбалски тренер од Шпанија, бил позитивен на Ковид-19

by
1 минути читање

Тренерот на
Атлетико Портрада Алта, Франсиско Гарсија кој инаку боледувал и од леукемија,
почина откако заболе од коронавирусот, вирус за кој општо познато е дека може
да биде погубен кај оние заболени со одредени други болести.

21 годишниот
Гарсија, тренер на младинскиот состав на Атлетико Портрада Алта, клуб
од Малага, својата функција во тој клуб ја обавувал од 2016. година па до
вчера, до својата смрт, а Гарсија е воедно најмладата жртва на Ковид-19 во
регионот, барем дотогаш.

Шпанецот
претходната седмица бил тестиран позитивен на Ковид-19, а починал во текот на
вчерашниот ден, а терапијата за коронавирусот ја примал во регионалната болница
во Малага.

Би сакале да го
искажеме нашето длабоко сочувство до семејството, како и блиските пријатели на
нашиот тренер Франсиско Гарсија кој не напушти
“ се вели во дел од соопштението
на клубот на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×