Атлетико Мадрид влезе во клучниот дел од сезоната, а пред него се пеколни 20 дена.
Во овој период „јорганџиите“ ќе одиграат дури шест натпревари и тоа половина од нив се пеколно тешки. Оваа низа ја почнуваат во Копа дел Реј во вторник со дуелот против Барселона на гости. Потоа за викенд следува дуел со Атлетик Билбао во Ла Лига, а следната седмица се игра првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Меѓу првиот меч и реваншот момците на Диего Симеоне играат на гости кај Хетафе, а веднаш по второто „Ел Мадрилењо“ следува уште еден дуел со Барселона во Ла Лига пред репрезентативната пауза.
Како јаготка на шлагот, по враќањето на играчите од репрезентативните кампови на 2 април повторно Атлетико ќе се судри со каталонскиот тим во возвратниот дуел од Купот, за комплетирање на лудите 36 дена.