Почнува најдобрата англиска лига, шампионот ја отвора новата сезона!

by riste
1 минути читање

Чекањето заврши, елитниот клупски фудбал се враќа, денеска стартува новата сезона од Премиер лигата, а првиот меч е дуелот на Енфилд меѓу Ливерпул и Борнмут.

Ливерпул во летниот преоден рок направи неколку значајни промени во составот, клубот потроши многу пари на нови засилувања.

На Енфилд пристигнаа Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг, дојде и голманот Гиорги Мамардашвили кој беше купен минатото лето, но оставен на позајмица во Валенсија.

Клубот го напуштија Луис Диаз, Дарвин Нуњез, Трент Александер-Арнолд…

Арне Слот си создава тим по свој терк, но минатиот викенд почнаа со пораз во Комјунити Шилд дуелот против Кристал Палас.

Целта на Ливерпул во новата сезона е да се одбрани врвот, тие влегуваат како главен фаворит за титулата.

Првиот тест во Премиер лигата е денеска, тимот на Борнмут, мечот почнува од 21 часот.

Дербито на колото е во недела, дуелот на Олд Трафорд меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал.

Главни конкуренти на Ливерпул се очекува да бидат Арсенал, Манчестер Сити и светскиот шампион Челси.

Премиер лига 1. коло:

Петок
Ливерпул – Борнмут 21:00
Сабота
Астон Вила – Њукасл 13:30
Брајтон – Фулам 16:00
Сандерленд – Вест Хем 16:00
Тотнем – Барнли 16:00
Вулвс – Манчестер Сити 18:30
Недела
Челси – Кристал Палас 15:00
Нотингем форест – Брентфорд 15:00
Манчестер јунајтед – Арсенал 17:30
Понеделник
Лидс – Евертон 21:00

Можно е и ова да ти се допаѓа

×