Почна ВМФЛ: Охрид го доби дербито, Брегалница се „лизна“ во Гевгелија

by Стефан
1 минути читање

Со денешните натпревари стартуваше вториот дел од сезоната во Втората фудбалска лига, а фаворитите во најголем дел ја оправдаа улогата и ги запишаа очекуваните победи.

Дербито во Струмица беше решено со минимални 1-0, во корист на лидерот Охрид кој славеше на гостувањето кај четвртопласираната Беласица. Гостите со тоа ја задржаа челната позиција и го продолжија походот кон место во Првата лига.

Шкендија Арачиново, која е веднаш зад Охрид со само бод негатива, не дозволи изненадување. На домашен терен убедливо ја совлада Преспа со 4-1 и остана во трка за првото место.

За разлика од нив, Брегалница киксна на гостувањето во Гевгелија. Тимот од Штип беше поразен од Кожуф со 2-0 и е единствениот од водечката тројка кој денеска остана без бодови.

Најубедлив настап имаше Детонит, кој пред својата публика постигна дури шест погодоци против последнопласираното Големо Коњари.

ВМФЛ 16.КОЛО

Беласица – Охрид 0-1

Детонит Плачковица – Големо Коњари 6-0

Кожуф – Брегалница 2-0

Осогово – Каменица Саса 1-0

Победа – Новаци

Шкендија Арачиново – Преспа 4-1

Слога Виница – Скопје 0-4

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×