Почина поранешниот капитен на Порто, Жорге Коста кој со Мурињо ја освои Лигата на шампионите!

by riste
1 минути читање

На 53-годишна возраст почина поранешниот капитен на Порто, кој беше актуелен спортски директор на клубот, починал од срцев удар.

На денешниот тренинг во базата на клубот, Жорге Коста доживеал инфаркт пред своите соработници. Веднаш му била укажана помош, со возило на брза помош бил одведен во болница, но не успеале да го вратат во живот.

Коста подолго време имал проблеми со срцето, во 2022 исто така имал срцев удар, тогаш му биле вградени стентови.

Жорге Коста важеше за еден од најдобрите португалски и европски дефанзивци. Тој за репрезентацијата на неговата земја има 50 настапи во периодот меѓу 1992 и 2002 година.

15 години беше член на Порто, беше дел и од славната генерација која ја предводеше Жозе Мурињо со која најпрво го освои Купот на УЕФА, а следната сезона и Лигата на шампионите. Коста како капитен го крена пехарот во овие натпреварувања.

По крајот на кариерата Коста заплива и во тренерските води, а од јуни 2024 година беше назначен за спортски директор на Порто.

Жозе Мурињо имаше големо мислење за својот капитен, во една емисија зборуваше за Коста кого го посочи како фудбалер кој е роден лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×