Шкендија го
загуби првиот дуел со Салцбург во третото квалификациско коло за место во
Лигата на шампионите, со убедлив пораз од 3-0 избраниците на Османи се вратија
од гостувањето во Австрија, па така, вечерва тргнуваат во една невозможна
мисија, која само со офанзивна игра може да донесе барем надеж за чудо.
Веќе се познати и
почетните состави, па така кај тетовските црвено-црни го нема Мурати, кој се
здоби со повреда во дербито против Вардар во воведното коло од Првата македонска
фудбалска лига, на негово место се најде Адили во дефанзивната линија.
Од формациската
поставеност 4-2-3-1, Ќатип Османи се реши за Жуниор, Емини и Нафиу како
поддршка веднаш зад најистурениот напаѓач Ибраими од кого се очекуваат голови
вечерва.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Адили, Муслиу, Мици,
Алими, Тотре, Нафиу, Емини, Жуниор и Ибраими.