Неколку медиуми
пренесоа за тоа како би изгледал „новиот“ Милан идната сезона, во формациска
поставеност 3-4-3, која нуди офанзивен фудбал, вметнати се фудбалерите кои можеби
се најдобра опција за почетниот состав на тимот од Милано.
Голман: Донарума; Одбрана: Ромањоли, Бонучи, Мусакио; Среден ред: Рикардо
Родригез, Чалханоглу, Кеси, Конти; Напад: Бонавентура, Андре
Силва, Сусо.
Милан се засили
во голема мера ова лето, последното мега засилување за Милан е
дефанзивецот од Јувентус, Леонардо Бонучи, тој доаѓа во Милано по претходните
трансфери на Андре Силва, Андреа Конти, Хакан Чалханоглу, Рикардо Родригез,
Матео Мусакио и Франк Кеси.
Дополнително, клубот го договори и голманот Антонио
Донарума, како дел од договорот со неговиот брат, Џанлуиџи Донарума во однос на
продолжување на соработката, односно нов договор.
На пат за Милано
е истовремено и 31. годишниот Аргентинец од редовите на Лацио, фудбалерот од
средниот ред, Лукас Биља, но останува отворено прашањето дали за него ќе има
место во почетниот состав на Милан, ако се земе во предвид позицијата на која
игра и конкуренцијата која е во тој простор.