Почетни состави за сите вечерашни пресметки во ЛШ

by
1 минути читање

Интересно се
очекува да биде на пресметките помеѓу Манчестер Сити и  Лион, Реал Мадрид и Рома, како и дуелот кој
на Местаља го играат Валенсија и Јувентус, каде настап за гостинскиот табор ќе
има и Кристијано Роналдо.

Во однос на
последниот меч во Премиерлигата против Фулам, тимот на Манчестер Сити претрпе
три измени во својот состав, Стоунс се враќа во дефанзивната линија, Гундоган
во средниот ред, а Жесус во нападот. Тројца се вон комбинација, а тоа се
Отаменди, Сане и Агуеро.

Реал Мадрид ќе ја
напаѓа Рома со Бензема, Иско и Бејл, а калчолигашот во своето трио од нападот
ќе го има Ундер, Џеко и Ел Шарави. 
Кралевите влегуваат во одбрана на европската титула во новата ера без
Роналдо, а во почетниот состав на домаќините се најде и Модриќ кој беше доста
актуелен изминатиов период поради шпекулациите со кои Хрватот беше поврзуван за
трансфер во Интер изминатиот летен преоден рок.

Роналдо ќе
стартува од првата минута на Местаља против Валенсија која е негова редовна
жртва, а во нападот за партнери ќе ги има Бернардески и Манџукиќ. Откако го
загуби Џан, Алегри го врати Пјаниќ во средниот ред, германскиот репрезентативец
ќе почне од клупата за резервни фудбалери во друштво на Квадрадо, Коста и
Дибала.

 

ГРУПА „Е“

Бенфика – Баерн Минхен


ГРУПА „Ф“

Манчестер Сити –
Лион

ГРУПА „Г“

Плзењ – ЦСКА Москва

 

Реал Мадрид –
Рома


 

ГРУПА „Х“

Валенсија –
Јувентус

Јанг Бојс –
Манчестер јунајтед

Можно е и ова да ти се допаѓа

×