Почетни состави за првите две пресметки во ЛШ: Барселона – ПСВ, Интер – Тотенхем

by
1 минути читање

Барселона – ПСВ,
односно Интер – Тотенхем, тоа се двете пресметки кои ќе ја отворат завесата од
новата сезона во елитното европско клупско натпреварување.

Каталонците се
голем фаворит во дуелот со холандскиот претставник кој сигурно не оди на Камп
Ноу со бело знаме, особено не поради фактот што во својот состав има една
голема ѕвезда во Лозано од кого многумина очекуваат да блесне во Лигата на
шампионите, откако имаше импресивни изданија за Мексико на Светското првенство
во Русија.

На вториот меч
Интер има голема шанса да почне со триумф, особено ако се земе во предвид дека
гостите доаѓаат ослабени со отсуства на неколку значајни стандардни фудбалери
како Лорис, Алдервирелд, Трипие, Деле Али и Муса Сисоко.

Барселона со
формација 4-3-3 ќе му се спротистави на ПСВ, кој пак ќе игра во поставеност
4-2-1-3, од тоа што го гледаме очигледно холандскиот тим нема да калкулира на
ова гостување, а деби во дресот на Каталонците во Лигата на шампионите ќе има
Кутињо.

Како што
напоменавме, Тотенхем е ослабен на гостувањето во Милано, а домаќините ќе
играат во формација 4-2-3-1, со Икарди, сосема очекувано, како најистурен во
нападот, на другата страна голови најмногу ќе се очекуваат од Сон и Кејн, кои
ќе бидат помогнати од Ламела како полушпиц во формација 4-3-1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×