Ливерпул против
ПСЖ, тоа е дербито во првото коло од вечерашните пресметки во воведната вечер
од новата сезона во Лигата на шампионите.
Европскиот
вицепрвак во своите редови нема да го има на располагање во првите 11 напаѓачот
Фирмино, на негово место од првата минута ќе стартува Стaриџ
Веќе се познати
почетните состави на обете екипи, па од тоа што можеме да го проследиме, тимот
на Јирген Клоп ќе настапи со формација 4-3-3, офанзивна, исто како и поставата
која на теренот на Енфилд ќе ја изведе и Томас Тухел.
Од формациите на
обете екипи ќе очекуваме офанзивен фудбал, во таборот на домаќините најмногу
голови ќе се очекуваат од Мане, Салах и Стариџ, а на спротивната страна
ударното трио го сочинуваат Мбапе, Кавани и Нејмар.

Главен арбитар на
дербито во Ливерпул ќе биде турскиот арбитар Чунејт Чакир.