Со мечот помеѓу
Вулверхемптон и Манчестер јунајтед ќе се спушти завесата од второто коло во
новата сезона од англиската Премиерлига, мечот стартува со почеток од 21,00
часот, а веќе се познати и почетните состави на обете страни.
Домаќинот ќе игра
во формациска поставеност од 3-5-2, а двоецот во нападот на тимот на Еспирито
Санто сосема очекувано ќе биде Хименез-Жота, на клупата е уште и големото
засилување Кутроне, па останува дилемата дали Италијанецот ќе добие шанса на мечот, односно минути за докажување.
Кај гостите, Оле
Гунар Солскјер ќе настапи во формација 4-2-3-1, според графичкиот приказ кој
може да се види на официјалниот сајт на Премиерлигата, токму Марсијал ќе биде
осамен во нападот на „Црвените ѓаволи“, веднаш зад него се Рашфорд, Лингард и
Џејмс, кој воедно е големото изненадување од страна на Солскјер во почетниот состав.
data-lang="en">
data-lang="en">