Со вечерашниот
меч помеѓу Белгија и Хрватска стартуваат возбудувањата од полуфиналната фаза на
Мундијалот, а веќе се познати и почетните состави на обете селекции.
Кај Белгијците
поради суспензија од жолти картони нема да биде во комбинација за настап Муние,
а иако беше под знак прашалник настапот на Умтити поради повреда на коленото,
сепак, фудбалерот на Барселона ќе стартува од првата минута.
Франција: Лорис, Лукас, Умтити, Варан, Павар, Канте,
Погба, Матуиди, Гризман, Мбапе и Жиру.
Белгија: Куртоа, Алдервирелд, Компани, Вертонген,
Дембеле, Фелаини, Витсел, Чадли, Де Брујне, Лукаку и Азар.
Главен делител на
правдата од мечот во Санкт Петербург ќе биде уругвајскиот арбитар Андрес Куња.
Утре вечер во
истиот термин, во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Хрватска и
Англија.