Почетни состави за финалниот меч во ФА купот помеѓу Челси и Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Со почеток од 18
часот и 15 минути се игра финалниот меч од англискиот ФА Куп каде силите на
теренот ќе ги одмерат Челси и Манчестер јунајтед.

Веќе се познати почетните
состави на обете екипи, Антонио Конте за стартните 11 на Челси одлучи во
нападот да стартува Жиру наместо Мората, кој ќе почне од клупата за резервни
фудбалери. Интересно, Жозе Мурињо на спротивната страна пак во нападот ќе почне
со Рашфорд, а Лукаку се најде на клупата.

Челси: Куртоа, Азпиликуета, Кејхил, Рудигер,
Моусес, Канте, Фабрегас, Бакајоко, Алонсо, Азар и Жиру.

Манчестер
јунајтед
:
Де Хеа, Валенсија,
Џонс, Смолинг, Јанг, Матиќ, Ерера, Погба, Лингард, Санчез и Рашфорд.

Во последниот
меѓусебен дуел помеѓу двете екипи подобар беше Манчестер јунајтед пред своја
публика со 2-1 во Премиерлигата. Како за потсетување, во полуфиналето, Челси
беше подобар од Саутемптон, а Манчестер јунајтед од Тотенхем.

Финалниот меч се
игра на Вембли во Лондон, а на истиот делител на правдата ќе биде Мајкл Оливер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×