Наполи –
Барселона, Челси – Баерн Минхен, тоа се двата меча предвидени за вечерва кои ќе
стартуваат со почеток од 21 часот, а се во рамките на првите дуели на овие
екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Прво, да издвоиме
дека нашиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас мечот против Барселона
ќе го почне од клупата за резерви кај Наполи, таква е конечната одлука на
тренерот на италијанскиот вицепрвак Џенаро Гатузо.
Кај гостите Меси
ќе го предводи составот на Каталонците, а кај нив во почетниот состав кој го
дефинираше тренерот Кике Сетиен се најдоа уште и Фирпо, кој одигра 90 минути
изминатиов викенд во победата над Хетафе (5-0), како и Видал кој повторно е дел
од почетниот состав на Каталонците како во мечот против Хетафе .

Интересно е тоа
што Френк Лампард се реши за Жиру во почетниот состав за пресметката со „Баварците“,
а Абрахам иако рехабилитиран од повредата, ќе почне од клупата за резервни
фудбалери, а кај гостите во почетниот состав кој го изнесе Ханс Флик ги нема
Кутињо, Горетцка, како и Ернандез, а тие ќе почнат на клупата за резерви.
