Ајакс – АЕК и
Шахтер – Хофенхајм, тоа се двете средби предвидени да стартуваат нешто порано
во однос на останатите шест предвидени за денеска со што ќе се комплетира
првото коло од групите.
Веќе имаме
можност да се запознаеме со почетните состави за двете пресметки, па од тоа што
можеме да го видиме Ајакс ќе игра офанзивно против грчкиот претставник кој нема
пораз цели 14 натпревари во европските натпреварувања.
Како што и се очекуваше,
во таборот на гостите, Чосиќ ќе стартува на местото на Гало уште од првата
минута, од друга страна пак, домаќините се соочуваат со проблеми во тимот по
повредата на Лигт кој не успеа на време да се рехабилитира од повредата па
вечерва ќе отсуствува, а неговото место го зазеде Де Јонг. Во конкуренцијата „Е“,
втората пресметка ја сочинуваат Бенфика – Баерн Минхен.
Ајакс ќе игра во
формација 4-3-3, а во почетниот состав се најде и првата ѕвезда на тимот Тадиќ,
на спротивната страна опасност кон голот на домаќините ќе претставува Понсе кој
ќе биде најистурен во нападот на АЕК.

Интересна
пресметка ќе има и во Харкив, Шахтер и Хофенхајм во рамките на групата „Ф“, ќе
се обидат да стигнат до први бодови во оваа конкуренција.
Двете екипи се
среќаваат за првпат во европските натпреварувања, а германскиот бундеслигаш
вечерва ќе дебитира во елитното европско клупско натпреварување.
Сигурно дека
обете екипи ќе пружат максимална борба на овој меч, кој за нив е од особено
значење, ако се земе во предвид дека ги имаат и Манчестер Сити и Лион како
конкуренти во истата конкуренција.
Нема никакви
изненадувања во почетните состави на двете екипи, единствено може да се издвои
тоа што Жоелинтон стартува во однос на Зубер во тимот на Хофенхајм кој ќе игра
со формациска поставеност од 3-5-2.Домаќините ќе играат со 4-4-1-1, а
најиустурен во нападот ќе биде Мораеш кој зад себе како поддршка во нападот ќе
го има капитенот Тајсон.
Во истата група
подоцна се среќаваат Манчестер Сити – Олимпик Лион.
