Од 18 часот во
Торино ќе проследиме дерби во Серија А каде силите ќе ги одмерат бранителот на
титулата во италијанскиот фудбалски шампионат Јувентус, како и Милан кој
грчевито се бори за место во топ четирите екипи на табелата оваа сезона.
Амбициите на
Милан се јасни, место во Лигата на шампионите за идната сезона, а денес ги
очекува тешка мисија во Торино против тимот на Масимилијано Алегри кој е
неприкосновен во Серија А.
Веќе се познати
почетните состави на обете екипи, од тоа што може да се види, домашниот состав
ќе истрча во формација 3-1-4-2, а ударното дуо во нападот ќе го сочинуваат
Манџукиќ и Дибала.
Кај гостите,
Гатузо се реши за супер-офанзивна формација од 4-3-3, Борини, Пјонтек и Сусо ќе
го напаѓаат голот на домаќините.
Јувентус: Шчесни, Бонучи, Сандро, Де Шиљо, Ругани,
Спинаѕола, Џан, Бентакур, Манџукиќ, Дибала и Бернардески.
Милан: Реина, Мусакио, Родригез, Ромањоли,
Калабрија, Чалханоглу, Бакајоко, Кеси, Борини, Сусо и Пјонтек.

графика: soccerway.com