Почетни состави: Солскјер со неколку „изненадувања“ против Барса, Тадиќ најголема опасност кон голот на Јуве

by
3 минути читање

Манчестер јунајтед
– Барселона, односно Ајакс – Јувентус, тоа се натпреварите за вечерва кои
стартуваат со почеток во 21 часот, секако дербито е на Олд Трафорд, но,
очекувањата се да има и добра пресметка во Амстердам, каде сигурно не треба да
се отпишува екипата која го елиминираше бранителот на европскиот трофеј Реал
Мадрид во осминафиналето.

Половичен ефект
имаат Манчестер јунајтед и Барселона од нивните две последни меѓусебни меча,
пред две години Барселона беше подобра со 1-0, а две години пред тоа Манчестер
јунајтед славеше со 3-1 во интернационалниот шампионски куп.

Општо земено,
Премиерлигашот има само еден освоен дуел против Каталонците во последните осум
меѓусебни пресметки, а шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар
Солскјер во пресрет на двобојот со Барселона, истакна дека ова се натпревари
кои неговата екипа силно ги посакува.

Од Барселона
денеска објавија една доста интересна статистика во учеството на клубот во
Лигата на шампионите, каде прогресирале во 79% од ситуациите кога реваншите ги
играле пред своја публика (23/29), а англиските екипи немаат добар биланс
против шпанските, каде биле елиминирани во 10 од последните 11 дуели во нокаут
фазата. Манчестер јунајтед добил само два нокаут меча од последните 11.

Санчез поради
повреда ќе отсуствува кај домаќините вечерва, исто како и Матиќ и Ерера, па
така Солскјер на некој начин беше приморан да направи мали изненадувања во
почетниот состав, откако во истиот се најде МекТоминеј, како и Фред. Меѓутоа, веројатно изненадување е тоа што Мата,
Марсијал и Лингард мечот ќе го почнат од клупата за резервни фудбалери.

На спротивната
страна пак, Барселона немаше проблеми, па така Ернесто Валверде на теренот од
првата минута на Олд Трафорд излегува со проверен состав. Обете екипи ќе
настапат офанзивно вечерва со формациска поставеност од 4-3-3.

Манчестер
јунајтед
: Де Хеа, Линделоф,
Погба, Лукаку, Рашфорд, Смолинг, Фред, Јанг, Далот, Шо и МекТоминеј.

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ,
Бускетс, Кутињо, Артур, Суарез, Меси, Ленгле и Алба.

Интересно ќе биде
и во Амстердам вечерва, апетитите на Ајакс се зголемија со неверојатната
партија против Реал Мадрид, а Јувентус според многумина има тим кој може да
стигне до европската титула оваа сезона, особено откако во својот состав се
засили со Кристијано Роналдо.

Токму Роналдо со
хет-трик речиси сам го елиминираше Атлетико Мадрид во претходната рунда, иако
Старата дама загуби со 2-0 во Мадрид, на реваншот во  Торино славеше со 3-0.

Од Ајакс уверуваа
дека се релаксирани, но и реални во своите очекувања, барем така истакна
нивниот тренер Тен Хаг, сепак, една статистика доволно говори дека со Јувентус
нема да биде лесно, ако се земе во предвид дека холандскиот тим има десет меча
без пораз против Ајакс.

Ќе биде интересно
да се проследи каков ќе биде одговорот на Роналдо кој беше неизвесен за
вечерашниот меч, но се најде во составот, а секако домаќинот го има Тадиќ кој
го стави на колена Реал Мадрид претходно, па Србинот ќе има дополнителна
мотивација за докажување и вечерва.

Ајакс ќе игра во
формациска поставеност од 4-4-1-1, со еден полушпиц во Де Бек кој ќе игра
веднаш зад Тадиќ кој ќе биде најголемата опасност кон голот на Старата дама, а
Масимилијано Алегри се реши за супер офанзивна формација од 4-3-3, а во нападот
се најдоа Бернардески, Манџукиќ и Роналдо.

Ајакс: Онана, Велтман, Де Лихт, Ван де Бек,
Нерес, Тадиќ, Блинд, Шон, Де Јонг, Зијех и Таљафико.

Јувентус: Шчесни, Пјаниќ, Роналдо, Сандро, Матуиди,
Манџукиќ, Бонучи, Кансело, Ругани, Бентакур и Бернардески.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×