Манчестер
јунајтед – Манчестер Сити, односно Волверхемптон – Арсенал, тоа се двете
вечерашни пресметки, од кои дербито стартува со почеток од 21 часот, а другиот
меч 15 минути претходно.
Од една страна,
домаќинот атакува на бодови по пласман во најдобрата четворка во Премиерлигата
оваа сезона, односно пласман во Лигата на шампионите за идната сезона, од друга
страна пак, Манчестер Сити продолжува со трката за титулата против Ливерпул, во
моментов има два бода заостанување, но и меч помалку.
Веќе се познати
почетните состави на обете екипи за дерби пресметката на Олд Трафорд, Солскјер има
неколку изненадувачки одлуки во почетните 11, каде мечот од првата минута ќе го
почне Дармиан во одбраната, , а освен него, Перира во средниот редн, заедно со
Фред кој исто ќе биде стартер, на клупата за резервни фудбалери кај домаќинот
се наоѓаат Лукаку, Марсијал, Мата, Матиќ, како и Санчез.
Гостите почнуваат
со својот најсилен состав, Гвардиола не импровизираше, па така триото во
нападот ќе го сочинуваат Стерлинг, Агуеро и Бернардо Силва, зад нив дистрибутери
на топки ќе бидат Гундоган, Давид Силва и Фернандињо.

Манчестер
јунајтед: Де Хеа, Линделоф,
Смолинг, Јанг, Шо, Дармиан, Погба, Переира, Фред, Рашфорд и Лингард.
Манчестер Сити:
Едерсон, Вокер, Компани, Лапорт,
Зинченко, Гундоган, Давид Силва, Фернандињо, Стерлинг, Агуеро и Бернардо Силва.
Еве ги и почетните состави на мечот кој почнува 15 минути пред мег дербито на Олд Трафорд…
