148
Манчестер јунајтед за
момент го загуби второто место на табелата во англиската Премиерлига, по
убедливиот триумф на Челси против Стоук од 5-0, тимот на Мурињо има два бода
негатива зад својот ривал, па нема сомнение дека ќе атакува на триумф пред
своја публика во дуелот со Саутемптон.
Голови од средбата на „Олд
Трафорд“ најмногу ќе се очекува од Лукаку на едната, а Лонг на другата страна.

Манчестер јунајтед: Де Геа, Јанг, Линделоф, Џонс, Шо, Погба, Матиќ, Мата,
Мхитарјан, Линдгард и Лукаку.
Саутемптон: Меккарти, Стивенс, Јошида, Ходт, Мекквин, Ромеу, Тадиќ,
Хојбјерг, Проус, Буфал и Лонг.