Почетни состави: Арсенал со Обамејанг и Лаказет, Наполи со Мертенс и Инсиње во нападот

by
1 минути читање

Арсенал и Наполи
досега одиграле три меѓусебни пресметки, во кои обете екипи се израмнети, по
една победа имаат забележано со резултат 2-0, а еден нивни меч завршил без
победник со резултат 2-2.

Токму тоа е дербито
на вечерта, а воедно и генерално во четвртфиналната фаза од Лига Европа, во
останатите натпревари се среќаваат Виљареал – Валенсија, Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт
и Славија Прага – Челси.

Унаи Емери се
реши во почетниот состав да ги изведе Папастатополус, како и Тореира и
Мејтланд-Најлс, веројатно ова се трите негови одлуки кои наидоа на
изненадување,
ако се земе во предвид дека на клупата останаа Михитаријан, Мустафи и Ивоби.

Кај гостите
бележиме едно изненадување од страна на Карло Анчелоти, кој се реши мечот од
првата минута да го почне без Милик, кој ќе почне од клупата за резервни
фудбалери, Инсиње ќе стартува како партнер на Мертенс во нападот на
италијанскиот тим.


Еве ги и
останатите почетни состави на другите три натпревари за вечерва кои стартуваат
со почеток од 21 часот…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×