Денеска се одигра 21. коло од Втората македонска фудбалска лига кое беше одложено поради големата трагедија во Кочани.
Сите денешни натпревари започнаа со минута молчење за жртвите од ужасната трагедија во Кочани.
Лидерот, Македонија Ѓорче Петров рутински си ја заврши работата откако со 4-0 го совлада Вардарски.
Лесно до три бода стигна и Башкими кој со 5-2 го победи Вардар Неготино.
Брегалница на свој терен одигра само 1-1 против Скопје.
Осогоов со 3-1 победи на гостувањето кај Борец.
Резултати – 21. коло – Втора лига:
Арсими – Каменица Саса 4-1
Башкими – Вардар Неготино 5-2
Беласица – Новаци 3-0
Борец – Осогово 1-3
Брегалница – Скопје 1-1
Детонит – Кожув 1-1
Македонија ЃП – Вардарски 4-0
Охрид – Победа 0-0
Табела:
Македонија ЃП 48, Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Каменица Саса 32, Охрид 32, Детонит 31, Скопје 31, Кожув 31, Беласица 28, Победа 22, Новаци 20, Вардар Неготино 20, Осогово 16, Борец 10, Вардарски 8