Победи на Милан, Барса, Интер, Тотнем, Дортмунд и Лајпциг носат коефицент 10

by bojan
4 минути читање
Милан

24фудбал прави анализа на неколку натпревари од денешната понуда на натпревари за обложување, и одбра шест типови кои во обложувалницата Моцарт носат коефициент 10.

Интер – Лече 1 со 1,22

Интер го игра првиот натпревар пред своите фанови во сезоната 2024/25 и ќе се обиде да се искупи за разочарувачкото реми на отварањето против Џенова, кога во финишот примија гол за 2-2. На Меаца гостува Лече, тим кој загуби со 0-4 против Аталанта, па ова ќе биде идеална прилика за избраниците на Инзаги да се прикажат во право светло и лесно да стигнат до трите бода за подигнување на самодовербата.

Барселона – Атлетик Билбао 1 со 1,67

Во пресрет на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао, во фокусот е Нико Вилијамс и неговата трансфер сага. Се чинеше дека напаѓачот ќе се пресели во редовите на „каталонците“ и ќе го гледаме доуото од репрезентацијата со Ламин Јамал, но тој на крајот се пишмани и реши да остане уште една сезона на Сан Мамеш. Билбао знае да и направи доста проблеми на Барса во куп натпреварите, но во Ла Лига е сосема поинаква приказна, Барса загуби само еден од последните 21 натпревари, последната победа на Билбао на Камп Ноу е во далечната 2001 година.

РБ Лајпциг – Бохум 1 со 1,25

РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас ја отвара новата сезона во Бундеслигата со натпревар против Бохум и Агон Елези. За жал двајцата Македонци нема да се сретнат на теренот, Елиф Елмас се повреди на подготовките и ќе треба да почека за првите минути во новата сезона. Бохум минатата сезона едвај се спаси од испаѓање, и се чини дека опстанок ќе биде главната цел и во 2024/25. Минатиот викенд беа елиминирани во купот од второлигашот Регензбург и тоа доволно кажува што ги чека во новата сезона. „Биковите“ можеби го загубија Дани Олмо, но ги задржаа останатите ѕвезди, плус донесоа неколку интересни засилувања, па за очекување е да немаат многу проблеми на стартот.

Тотнем – Евертон 1 со 1,42

Двата тима потфрлија на отварањето на новата сезона во Премиерлигата, па ќе се обидат да го поправат впечатокот денеска. Тотнем ќе биде без најскапото засилување во својата историја откако Соланке заработи ситна повреда и ќе мора да паузира, но и покрај тоа „спарси“ влегуваат како огромен фаворит во натпреварот. И статистиката е на нивната страна, тие славеле на четири од последните 5 натпревари одиграни во Лондон во Премиерлигата против „карамелите“.

Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 1 со 1,80

Ова е еден од поинтересните натпревари во првото коло во новата сезона во Бундеслигата. Двата тима отворија со идентичен резултат и славеа со 1-4 во Купот на Германија против Феникс Либек, односно Брауншвајг. Историјата е на страната на „милионерите“, кои имаат загубено само еднаш во последните 15 меѓусебни пресметки. На домашен терен Борусија Дортмунд има дури 12 победи од последните 13 пресметки против Ајнтрахт Франкфурт, па за очекување е и денеска да се радуваат на три бода.

Парма – Милан 2 со 1,67

Повратникот во Серија А, Парма има уште еден тежок натпревар на стартот од новата сезона, вечерва го пречекува Милан. Популарните „млекари“ одиграа 1-1 против Фиорентина минатиот викенд и покажаа дека имаат потенцијал под водство на тренерот Пекија. „Росонерите“ пак под палката на Фонсека имаа возбудлив натпревар против Торино и со два доцни гола се спасија од пораз. Милан сигурно ќе сака да избегне нов кикс, и во составот има доволно квалитет да ги однесе трите бода и покрај тоа што ќе биде без Мората, кој поради повреда ќе паузира краток период.

Вкупниот коефициент на овие шест типови во обложувалницата Моцарт е 10,87 и со уплата од 10 евра, ви носи исплата од 108,7 евра.

Обложувалницата Моцарт исто така за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани