251
Шкендија денеска славеше историска победа над Шелбурн со 1-0, прва во главната фаза од едно европско натпреварување, а тоа и донесе и одлична награда.
Шкендија со самиот пласман во главната фаза од Конференциската лига заработи 3,17 милиони евра, а сега во зависност од резултатите таа сума си ја зголемува.
Наградата за победа е 400.000 евра, тоа е сумата која Шкендија ќе ја добие за денешниот натпревар против Шелбурн.
Пред Шкендија се уште четири натпревари, а тоа значи дека во зависност од резултатите може уште да ја полни касата.
Следниот меч е со Јагелонија во Скопје на 6 ноември.