Победата на Шкотска беше филмска, погледнете зошто сите зборуваат за неа! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шкотска на исклучително драматичен начин ја победи Данска со 4-2 и го освои првото место со што се пласираше на Светското првенство, овој меч беше посебна приказна.

Данска мечот го почна со бод повеќе од Шкотска, па на Шкотите им одговараше само победа од овој дуел за да бидат први.

Резултатот го отвори Мектоминеј со прекрасен гол со ножички уште во третата минута. Ова беше еден од најубавите негови голови во досегашниот дел од кариерата.

Во 57. минута Хојлунд го изедначи резултатот на 1-1, но само четири минути подоцна можеби се случи клучниот момент на мечот, Крситенсен доби втор жолт картон, Данска остана со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Шенкленд кој даде гол во 78. минута за водство на Шкотска од 2-1.

Но, Данска не се откажа, во 81. минута Доргу реализираше за 2-2. По што следуваше бункер на гостите со цел да го одбранат ремито и се чинеше дека ќе успеат во тоа, но…

Во 93. минута Киран Тирни постигна фантастичен гол од далечина за ерупција на стадионот и ново водство на Шкотска. Почна да се слави Светското првенство.

Данска тргна со сите сили по израмнување, а таквата ситуација му овозможи на Меклин во 98. минута да постигне гол од својата половина за конечни 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×