Победата на Шкендија ѝ донесе четири места на Македонија во Европа!

by riste
1 минути читање

Вчерашниот триумф на Шкендија над Шелбрун не е важен само за тетовскиот тим, туку за целата наша лига, ќе имаме четири преставници во Европа во сезоната 2027/28.

Поради слабиот клупски коефициент во Европа, Македонија во наредната сезона ќе има три претставници, тоа е веќе заклучено и не може да се поправи.

Но, победата на Шкендија над Шелбурн, на Македонија ѝ донесе напредок од неколку позиции на листата, бевме на 51. место, а сега сме на 47. позиција. Тоа ни носи четири места во Европа за сезоната 2027/28.

Убаво е Шкендија да освои уште бодови и да го зголемуваме клупскиот коефициент, но сигурно е дека оваа сезона не можеме да паднеме во последната зона бидејќи оттаму само Гибралтар има претставник кој се уште игра во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×