Победа најави дека ќе се обиде да го искористи рачарувањето кај Вардарци по поразот од Реал Сосиедад, токму тоа и го оствари, триумфираше во Могила со 1-0.
Клучниот момент се случи на десет минути пред крајот кога по еден центаршут од корнер, Илиевски со глава погоди за 1-0.
За разлика од Вардар, Шкендија ја оправда улогата на фаворит и го совлада Шкупи со 4-1. Хасани погоди два пати, еднаш прецизен беше Ибраими, Кривањева си постигна автогол, а Јашаровски беше стрелец за гостите од Чаир.
Работнички конечно славеше победа, го совлада Пелистер на свој терен со 2-0. Головите беа дело на Ерера и Дурански.
Академија Пандев со гол на Грифони од 38. минута водеше кај Скопје со 1-0, но домаќините со погодок на Мишевски во 84. се спаси од пораз.
Немаше погодоци на натпреварот во Кратово помеѓу Силекс и Ренова.
Табела:
1. Шкендија 28
2. Вардар 19 (-2 натпревари)
3. Академија Пандев 18 (-1 натпревар)
4. Силекс 15
5. Пелистер 12
6. Победа 12
7. Шкупи 12
8. Ренова 11
9. Работнички 10 (-1 натпревар)
10. Скопје