Екипата на Победа од Прилеп нема да продолжи да настапува во Втората лига поради финансиски проблеми со кој се соочи.
Одлуката која раководството е принудено да ја донесе ја соопшти преку соопштение до јавноста.
„Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот временски период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнаоѓањето на долгорочно решение. Советот на општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.
Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига“, стои во соопштението.
