По три месеци одмор Коста знае каков пекол го чека во Атлетико: Ме фаќа страв од тренингот на Профе Ортега!

by
1 минути читање

Бразилецот со
Шпански пасош по три месеци одмор одново ќе почне да работи, вчера Атлетико и
Челси го договорија неговиот трансфер кој ќе се реализира на почетокот од
следната година.

„Многу сум
среќен, требаше многу време да се пронајде заеднички јазик, но конечно дојде
крајот!“
– рече Диего Коста по пристигнувањето во Мадрид.

„Сите знаат дека
сакав да се вратам во Атлетико и сакам да му се заблагодарам на Михел Анхел Хил
Марин за напорот кој го направи“.

Тој сега ќе треба
да ги мине редовните лекарски прегледи и да почне да работи на формата откако
одмараше три месеци и немаше никакви подготовки.

Задолжен за ова е Оскар „Профе“ Ортега, кој има пеколна програма и им ја „вади
душата“ на играчите. На социјалните мрежи има голем број на видеа од тоа како
фудбалерите остануваат без здив на тренинзите, па Диего Коста признава дека го
фаќа страв.

„По три месеци
одмор, и малку тренинг… не сум толку лош како што некои мислат. Но сигурен
сум дека Профе Ортега ќе ме врати во топ форма. Сепак, морам да признам дека
малку ме плашат неговите тренинзи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани