466
По само три кола од новата сезона во Бундеслигата веќе видовме две тренерски смени.
Борусија Менхенгладбах се раздели со Герардо Сеоане. Швајцарецот ја презеде функцијата во јуни 2023 година и имаше важечки договор до 2026, но серијата на слаби резултати ја урна довербата на раководството.
Негова замена ќе биде Еуген Полански, кој досега го водеше вториот тим. Тој има 39 години, во минатото беше играч на Менхенгладбах и доаѓа од младинскиот систем на клубот.
Пред тоа, уште по само две кола, Баер Леверкузен ја прекина соработката со Ерик тен Хаг и веднаш го назначи Каспер Хјулманд.
Бундеслигата тргна бурно и уште на стартот потврди дека нема да има простор за трпение.