По Струга, падна и Силекс – Донгмо обезбеди полуфинале за Вардар во Купот на Македонија!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Вардар по победата над Струга во првенството денеска оствари триумф над уште еден клуб кој се бори за врвот на табелата, но сега во купот.

„Црвено-црните“ беа подобри од кратовски Силекс со минимални 1:0. Во првиот дел не видовме погодоци, а одлучувачкиот момент се случи на 20-тина минути пред крајот на средбата.

Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше, Камерунецот Данел Донгмо.

Со минимлани победи место во полуфиналето обезбедија уште екипите на Струга и Шкендија. Стружани на свој терен беа подобри од Гостивар со голот на Кехинде, додека Шкендија благодарение на Шала го доби второлигашот Детонит.

Пенали денеска се изведуваа само на натпреварот помеѓу Брера и Арсими откако во регуларниот дел беше 1:1, а во пенал рулетот поуспешен беше струмичкиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани