Иван Перишиќ веројатно го постигна најубавиот погодок во Серија А ова коло, Хрватот со прекрасен волеј од 16 метри ја „искина“ мрежата на СПАЛ.
Хрватот е деснак, а топвскиот удар го закачи со лева нога, па поради ова реши да се пошегува на сметка на најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле.
Младиот Французин ги збуни сите со изјавата за тоа дали е левак или деснак.
„Не знам која нога ми е посилна…. верјатно сум левак…“ – рече неодамна Осман Дембеле. Кога беше запрашан дали знае дека пеналите ги изведува со десна, Дембеле рече: „Да… подобро шутирам со десна.
Па Иван Перишиќ сега се огласи на Инстаграм каде го постираше спектакуларниот волеј и напиша: „Слично како што мојот мал пријател Дембеле кажа… Јас сум деснак но подобро шутирам со лева“.