По Саудиска Арабија, Сен Максимен се пресели во Мексико

by 24 фудбал
1 минути читање

Алан Сен Максимен ја продолжува кариерата во Мексико, каде што ќе потпише за Клуб Америка. Францускиот офанзивец првично го привлече вниманието со настапите во Њукасл, каде во четири години стана еден од најдобрите играчи на тимот.

По заминувањето од „Сент Џејмс Парк“ се пресели во Ал Ахли од Саудиска Арабија, а минатата сезона ја мина како позајмен играч во Фенербахче. Сепак, со турскиот клуб не се раздели во најдобри односи, па сега 28-годишникот ќе започне ново поглавје во Лига МХ.

Се чини како чекор назад ако се погледне како играше во времето во Премиер лигата, но доколку повторно ја пронајде старата форма, не би било изненадување Сен Максимен повторно да се врати во европскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×