По пропаднатиот трансфер во Милан, Матета се консултирал со четворица специјалисти, еве што е одлучено

by bojan
1 минути читање
Матета

Медиумите од Франција пренесуваат дека Жан Филип Матета одлучил да не прави операција на коленото, зафатот е одложен до летоска за напаѓачот да има какви такви шанси за настап на Светското првенство.

Жан Филип Матета беше желба на неколку клубови во зимскиот преоден рок, и кога се чинеше дека ќе направи трансфер во Милан, се случи пресврт во последен миг, „росонерите“ се повлекоа од зделката откако напаѓачот не ги помина редовните лекарски прегледи.

Проблематично беше коленото, Милан не сакаше да ризикува ништо, па Французинот се врати во Кристал Палас.

Популарните „орли“ порачаа дека тие биле свесни за повредата, но дека знаеле како да ја менаџираат.

Весникот Ле Паризиен попладнево објави дека Жан Филип Матета се консултирал со четворица специјалисти и на крајот одлучил да не оди на операција, а причината е Светското првенство.

И покрај тоа што нема никакви гаранции дека ќе добие повик од Дешам за мундијалот во САД, Жан Филип Матета преферира да има какви такви шанси, и зафатот е одложен до летоска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×