Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус наскоро на маса ќе стави помеѓу 45 и 50 милиони евра за ангажман на Тун Копмајнерс од Аталанта.
Се верува дека Тун Копмајнерс е главната трансфер цел на Јувентус ова лето и спортскиот директор Кристијано Џинтоли наскоро ќе тргне во офанзива.
Продажбата на Матијас Суле во Рома и Дин Хаусен во Борнмут се финализираат, двете зделки ќе вредат заедно околу 50 милиони евра, и со овие пари ќе се брка потписот на Тун Копмајнерс.
Неколку извори пренесуваат дека „старата дама“ на маса ќе стави помеѓу 45 и 50 милиони евра за ангажман на Холанѓанецот.
Останува да се види дали ова ќе биде доволно, често се говори дека Аталанта бара најмалку 60 милиони евра.
Јувентус на своја страна го има самиот фудбалер, кој има голема желба да се пресели во Торино и се очекува да изврши притисок врз Аталанта да биде пронајден компромис за негов трансфер.
Тун Копмајнерс веќе начелно се има договорено со Јувентус за петгодишна соработка и плата од 4,5 милиони евра по сезона