Медиумите од Шпанија пишуваат за атмосферата во соблекувалната на „кралевите“ по поразот од Албасете во Копа дел Реј, фудбалерите биле во шок, владеела тишина – никој не зборувал.
Реал Мадрид го смени тренерот по поразот од Барселона во Суперкупот на Шпанија, но веднаш следуваше ново разочарување.
„Кралевите“ вчера беа изненадени на гостувањето кај Албасете во Копа дел Реј, па само за неколку дена останаа или отпаднаа од битката за два трофеи.
Како што пренесува „Ел Чирингито“, фудбалерите биле во шок по поразот од второлигашот.
Во соблекувалната владеела тишина, никој не зборувал, ниту еден од поискусните играчи не и се обратил на екипата, што е вообичаена пракса во вакви ситуации. Атмосферата била мрачна и тешка, „како на погреб“, се додека не се огласил тренерот.
„Арбелоа беше тој кој ги охрабри играчите, им кажа дека мора да продолжат да работат, да се борат и да не се предаваат. Тој јасно стави до знаење дека ја презема целата одговорност“ – раскажа новинарот Луис Санчез.
Тренерот потоа порачал дека е потребно единство во соблекувалната, и дека за излезе од кризата мора сите да туркаат во ист правец.
Следен противни на Реал Мадрид е Леванте (во сабота) и останува да се види дали зборовите на Алваро Арбелоа ќе имаат ефект.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.