11
Една ера завршува во Рома, откако клубската легенда Бруно Конти реши да замине во пензија по повеќе од пет децении поминати во римскиот гигант.
Конти во текот на 53 години во клубот беше дел од речиси сите структури, од играч до тренер и директор, а последно работеше во младинската школа. Договорот му истекува во јуни и нема да биде продолжен.
Италијанецот порача дека нема да бара нов ангажман и ќе се посвети на семејството, освен ако не пристигне евентуална понуда од репрезентацијата.
Зад себе остава силен белег и во развојот на млади фудбалери, но и како играч, кога беше дел од шампионската генерација на Рома во 1983 година, како и светски првак со Италија во 1982 година.