По освоеното Скудето и новиот рекорд, Роналдо се огласи и кажа дали заминува од Јувентус

by
1 минути читање

„Старата дама“
вечерва се радува на рекордно осмо Скудето во низа откако со триумф од 2-1 над
Фиорентина ја осигура новата титула во Серија А.

Успехот значи и
нов рекорд за Кристијано Роналдо, кој стана првиот играч кој може да се пофали
со шампионски трофеј во Англија, Шпанија и Италија.

За разлика од
елиминацијата во Лигата на шампионите кога ЦР7 ги одмина новинарите во микс
зоната без да даде интервју, Португалецот вечерва се огласи и ги прокоментира
гласините за можно заминување.

„Дали и селдната
сезона ќе бидам дел од Јувентус? Секако, 1000%“
– порача Кристијано Роналдо во
разговор со ДАЗН.

„Многу сум
среќен, најпрво поради освоеното Скудето, а потоа и за тоа што станав првиот
играч кој освоил титула во Премиерлига, Ла Лига и Серија А. Не успеавме да ја
освоиме Лигата на шампионите, но ќе бидеме подобри следната сезона“.

За Скај Спорт
потоа додаде: „Според мене, имав многу добра прва сезона и се адаптирав
одлично. Го освоивме Скудетото и Супер купот на Италија, што не е лесно. Ова
беше година на успех, среќни сме. Не можеме секогаш да победуваме. Мислам дека
можевме повеќе во Лигата на шампионите и секако сакавме да направиме нешто
повеќе, но само еден тим може да го освои трофејот.
Следната сезона
е нова страна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×