По одлуката на Белгија да го прекине првенството и да прогласи шампион, УЕФА веднаш испрати писмо до сите членки

by
1 минути читање

Белгија е првата
земја која реши да стави крај на фудбалската сезона и да прогласи шампион на
зелена маса. Ваквиот потег не и се допадна на УЕФА, па веднаш било испратено
писмо до сите земји членки.

Медиумите кои
имале прилика да го видат документот, пренесуваат дека европската куќа на
фудбалот порачала дека одлуката за прекинување на првенството во овој момент е
избрзана и неоправдата, и приоритет и понатаму мора да биде завршување на
сезоната.

„Убедени сме дека
фудбалот ќе може да продолжи во следните месеци, секако ќе се игра во условите
кои ќе ги наложат властите. Веруваме дека одлуката за прекин на домашните
првенства, во овој момент, е избрзана и неоправдана“
– се вели во дел од
соопштението. 

„Сите земји до
средината на мај треба да изготват распоред, може да се игра и во јули и
август, а мечевите од Лигата на шампиони и Лига Европа да се одиграат откако ќе
завршат првенствата. Сметаме дека прекинување на првенствата е последна опција“.

Писмото е
потпишано од претседателот на УЕФА Александер Чеферин, претседателот на
Асоцијацијата на клубови Андреа Ањели и претседателот на Асоцијацијата на лига,
Ларс Кристер Олсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×