По новиот договор тежок 260 милиони, Ерлинг Халанд си нарача Бугати од 4 милиони (ФОТО)

by bojan
3 минути читање
Халанд

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ерлинг Халанд наскоро ќе стане сопственик на Бугати Турбијон, овој хипер-автомобил може да го чини напаѓачот и преку 4 милиони фунти.

Ерлинг Халанд неодамна потпиша десетгодишен договор со Манчестер Сити кој вреди фантастични 260 милиони фунти.

Па напаѓачот веднаш реши да ја збогати колекцијата во својата гаража.

Минатиот месец тој го привлече вниманието откако на тренинг се појави со портокалова Порше 911 ГТ3, а сега е во фокусот по информациите дека го нарачал последниот модел на Бугати Турбијон.

Овој хипер-автомобил има В16 мотор кој испорачува 1000 коњски сили, како и три дополнителни електромотори, кои испорачуваат дополнителни 800 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од (или точно) 2 секунди, а максималната брзина е ограничена на 445 километри на час.

Цената на овој ѕвер е околу 3,2 милиони фунти (3,8 милиони евра), но поради законите на Норвешка за емисија на гасови, Ерлинг Халанд ќе треба да плати одредени давачки кои ќе придонесат цената да изнесува околу 4 милиони фунти (околу 4,7 милиони евра).

Крајната цена веројатно ќе биде и повисока бидејќи Ерлинг Халанд ќе потроши плус пари за персонализирање на автомобилот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани