154
Арсенал загуби на гостувањето кај Евертон со 1-0, а Месут Озил во 74. минута беше изваден од игра, тој беше еден од најслабите на теренот.
Во финишот од мечот двајцата тренери Марко Силва и Унаи Емери влегоа во расправија по еден груб старт на Мустафи врз Калвер Левин. Во тој момент од клупата на Арсенал, Озил гаѓаше со својата јакна кон двајцата тренери.
Јакната падна најблиску до Унаи Емери, но веројатно мета бил тренерот на Евертон. Тоа најдобро го знае само Озил.