Вардар денеска промовираше две нови засилувања, најпрво бразилскиот напаѓач Итало, а веднаш потоа Мустафа Куајнор од Гана.
„Интернационалецот од Гана Мустафа Куајнoр, потпиша денеска со екипата на Вардар. 22-годишниот фудбалер од средниот ред има искуство со играње на Кипар и во Австралија. Договорот на Куајнор е во траење од две години, со можност истиот да биде продолжен на уште една“ – стои во соопштението на Вардар.
Фудбалерот е задоволен што станува член на „црвено-црното“ семејство.
„Среќен сум и задоволен што потпишав за Вардар. Драго ми е што станав дел од оваа екипа и со нетрпение чекам да заиграм за екипата. Ова за мене е голем предизвик што ќе настапувам во дресот на оваа екипа која е најдобра и најтрофејна во Македонија. Дoјдов во тим кој што секоја сезона се бори за титулата и се надевам дека заедно ќе успееме да ги исполниме амбициите на клубот“ – вели Куајнор за официјалниот сајт на Вардар.
Мустафа Куајнoр е роден во Акра (Гана) во 1995 година. Во својата кариера има настапувано за Адуана Старс од Гана, потоа од каде оди во Кипар и игра за АЕЛ Лимасол, Алки Ларнака и Ермис Арадипу. Последната година играше во Австралија во екипата на Паское Вале.