По големиот скандал, Барса сега му се умилкува на Меси со необична најава на составот за дуелот со Наполи (ФОТО)

by
1 минути читање

Минатата недела,
медиумите од Шпанија открија голем скандал на Камп Ноу, биле платени еден
милион евра за на социјалните мрежи да се фали работата на претседателот Жозеп
Мариа Бартомеу и неговите соработници, но во исто време да се оцрнуваат сегашни
и поранечни членови на клубот, наводно мета на критики била и првата ѕвезда Лео Меси.

Жозеп Мариа
Бартомеу негираше дека плаќале за одредени индивидуи да бидат дискредитирани, но
откако беа објавени докази за конкретни профили на социјалните мрежи, договорот
со ПР агенцијата беше раскинат.

Лео Меси по
скандалот даде четири гола против Еибар и уште еднаш покажа колку вреди, па
раководството на клубот сега реши малку да му се умилкува. Кога попладнево беше
објавен составот за дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, кај сите играчи
стоеа презимињата освен кај Аргентинецот. Покрај број 10, имаше емоџи од коза.

На социјалните
мрежи, се користи вакво емоџи за некому да се даде признание како најдобар на
сите времиња. На англиски, коза е „
GOAT“ односно акроним на „Greatest of all time“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×