Палермо годинава игра во второлигашкото друштво на
Италија, во Серија Б, моментално по седум одиграни кола во првенството тимот од
Сицилија е на делба на првото место на табелата заедно со Фросиноне, Перуџа и
Авелино со по 13 бода.
Илија Несторовски добро ја почна сезоната, досега
постигна четири погодоци од вкупно деветте на тимот кој засега е непоразен во
лигата, но дискутабилна е формата на Александар Трајковски, кој пред само два дена доби критики за своите изданија директно од сопственикот на Палермо, Маурицио Зампарини.
Денес на пресконференција за медиумите говореше
спортскиот директор на Палермо, Фабио Лупо, кој за момент се осврна и на
договорот на нашиот фудбалер кој има важност до 2020. година.
„Во наредните неколку месеци ќе менаџираме се’ во најдобар
правец. Како би постапиле со Трајковски? Тој мора прво да се подзамисли зошто
фудбалер како него со такви физички и технички квалитети се уште игра во Серија
Б и се уште не експлодирал во најдобро издание. Ние можеме да му препорачаме
нешто, да му дадеме некој совет, но тоа останатото е во него одвнатре. Во некои
прилики тој даде допринос помал од тоа што го очекуваме ние како клуб, тој е
фудбалер кој на својата годишна возраст требаше да има мошне поинаква кариера
од таа што ја има…“ истакна Лупо.
Извор: www.mediagol.it