По фановите и Милан ќе го „полие“ Донарума со пари, но еврата сега ќе бидат вистински

by
1 минути читање

Минатиот месец
Џиџо Донарума ги извести лидерите на Милан дека нема да ја продолжи верноста и
покрај тоа што на маса имаше богат договор и плата од 5 милиони евра по сезона.

Ваквата одлука на
18 годишниот голман предизвика голема врева, фановите упатија огромен број на
критики и навреди, а секако најзначаен беше протестот на Европското првенство
во Полска.

Таму навивачите
на Милан го поздравија Џиџо со транспарент „Доларума“ и ја наполнија
мрежата на голманот со лажни долари.

Но потоа
следуваше драматичен пресврт, младиот Италијанец почна да се предомислува и
следната недела ќе има нова средба со лидерите на Милан во обид да се пронајде
заеднички јазик за продолжување на соработката.

Судејќи според
последните информации, по фановите и Милан ќе го „полие“ Донарума со пари, но
еврата на „Росонерите“ ќе бидат вистински.

Добро упатениот
новинар Џанлука Ди Марцио пренесе дека Милан на Џиџо Донарума сега ќе му понуди
пет годишен договор вреден 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани